Компанијата за производство на картон, „Корспак“ која е со седиште во Босна и Херцеговина, е најновиот член на групацијата „Виолета“.
Најновата членка на групацијата како дел од инвестицијата вредна 40 милиони евра, отвори нова фабрика во присуство на 700 гости.
Основачот и сопственик на „Виолета“, Петар Чорлука, истакна дека амбалажата е многу важна затоа што го преставува првиот допир на купувачот со производот.
Производ без пакување не може да биде финален производ, бидејќи првиот контакт на купувачот со кој било производ е преку пакувањето. Чувствувавме потреба повеќе да не увезуваме амбалажа, туку да произведуваме своја по најнови стандарди, што секако ќе ја збогати понудата во нашето производство, изјави Чорлука.
Годишниот капацитет на фабриката, која се простира на површина од 30.000 метри квадратни, се проценува на 60.000 тони во една смена, објави групацијата.
Според нивното соопштение, во производството се користат најсовремени технологии и машини од Германија, Шведска, Италија, Холандија и Јапонија.
Во фабриката моментално работат околу 30 работници, додека следната година планот е да се ангажираат повеќе од 100 работници.
Извор: InStore.rs
Фото: „Виолета“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.