На 18 октомври се одбележува денот на Jamnicа, односно денот кога за прв пат пред речиси 200 години е наполнето првото шише од оваа вода.
Историјата на брендот датира од 1828 година, кога во близина на Јастребарско е откриен изворот на минерална вода. Во почетокот водата се користела како лек, а во 19 век е означен и почетокот на комерцијалното производство.
Jamnica станува брзо позната поради своите лековити својства, а низ години ја прошири својата понуда, влучувајќи газирани и негазирани минерални води
Во втората половина на 20 век, Jamnica се консолидира како еден од водечките брендови на минерални води во Хрватска. Покрај квалитетот Jamnica, се истакнува и со модерниот маркетиншни пристап и активностите насочени кон одржливоста и екологијата.
Денес славиме неверојатни 196 години од постоењето на нашата Jamnicа! Тешко е да се поверува дека сме со вас речиси два века и тоа во сите важни моменти, од големите прослави до малите уживања. Уште од 1828 година кога е наполнето првото шише, Jamnica расте и се развива. Продолжуваме да одиме напред со многу ентузијазам, верни на својата традиција и на квалиетот кој го носиме! Голема благодарност за сите наши вработени и на сите вас кои сте дел од нашата приказна, соопшти компанијата на својот профил на „Линкедин“.
Извор: InStore.rs
Фото: Jamnica
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.