Регион

Хрватска: „Томи“ го презема трговскиот синџир „Бродокомерц Нова“

16 Oct 2024

Компанијата „Томи“ соопшти дека доби одобрување од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција за преземање на ријечката компанија „Бродокомерц Нова“.

Од компанијата наведуваат дека се работи за стратешки важна инвестиција која ќе придонесе во натамошниот развој и зголемувањето на пазарниот удел на домашниот пазар.

Како што се наведува во соопштението од компанијата, следниот чекор во преземањето ќе биде примената на стандардите на „Томи“ во малопродажбата за да може трговскиот синџир да се ревитализира преку значајни инвестиции  со цел  остварување на пораст и развој вво следниот период на подрачjето на Приморско – горанската жупанија.

Минатата година долгот на компанијата „Бродокомерц Нова“ кон добавувачите, иако е незначително намален во однос на претходната година, изнесува 3,67 милиони евра. Приходите на компанијата биле помали за два милиони евра во однос на една година претходно и изнесува 18,6 милиони евра, со загува од речиси 1,2 милиони евра.

Со преземањето на „Бродокомерц Нова“, „Томи“ во својата продажна мрежа приклули 33 помали продавници и шест супермаркети.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Томи“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...