Еден од водечките трговски синџири во Хрватска, „Шпар“ пред медиумите го претстави својот нов логистички центар во Доња Зденчина во општината Клинча села во Загребската жупанија. Инвестицијата за овој проект е вредна 110 милиони евра, а новиот и најголем логистички центар на „Шпар“ во Европа ќе придонесе за унапредување на целиот синџир на снабдување.
Логистичкиот центар на „Шпар“ има капацитет од 100.000 палети и е опремен со 170 рампи, со што компанијата значиетлко ги подигнува своите капацитети за снабдување низ Хрватска. Во првата фаза во него се отвораат 500 работни места.
Новиот логистички центар е изграден на парцела од 370 илјади квадратни метри, која што е одлично поврзана со значајните патишта, со јавниот превоз и со железничката пруга. Површината на објектот изнесува 75.000 квадратни метри и во него се сместени три хали. Првата служи за сувиот асортиман, втората за замрзнатиот асортиман, додека во третата се сместени, уреди, ресторан и простории за вработените, какои погони за рециклирање на картонска амбалажа и друг вид на отпад.
Во логистичкиот центар целосно е воведено LED осветлување, а посебни простории или зони во рамките на центарот се опремени со светлосни сензори кои ја регулираат потребата за вклучување и исклучување на осветлувањето, со цел значително да се намали потрошувачката на електричната енергија и да се зголеми енергетската ефикасност на објектот. Оваа еколошка инвестиција е дел од пошироката стратегија за одржлив бизнис и намалување на влијанието врз животната средина.
Новиот логистички центар го претставија: претседателот на управата на „Шпар“ – Хрватска, Хелмут Фензи, членовите на управата на „Шпар“ – Хрватска, Даниел Видиш и Горан Вукелиќ и директорот на секторот за логистика на „Шпар“ – Хрватска, Јозо Роџаковиќ.
Проектот за изградба на нов логистички центар беше завршен во исклучително амбициозна временска рамка од само 20 месеци и покрај сложеноста на сите технички и оперативни системи кои овозможуваат негова врвна функционалност. Локацијата е внимателно избрана поради одличната сообраќајна поврзаност со остатокот од Хрватска, што обезбедува оптимална дистрибуција. Со оглед на вредноста на инвестицијата и отворањето на значителен број нови работни места, сметаме дека ова е еден од најважните проекти од ваков вид во Загребската жупанија, изјави Данијел Видиш, член на Управниот одбор на „Шпар“ - Хрватска.
Централизацијата на сите логистички операции на една локација беше комплексен проект кој успешно го реализиравме во соработка со нашите тимови и експерти од концернот „Шпар“. Благодарение на нашите домашни партнери - во проектирањето, каде што соработувавме со архитектонската компанија „Сирах“ од Осиек, а пред се во изградбата, каде главни изведувачи ни беа „Камград“, „Електро-Цециќ“ и „Зларинг“ - го завршивме проектот во амбициозен рок и , пред се, успешно, на задоволство на групацијата „Шпар“, изјави Горан Вукелиќ, новиот член на управниот одбор на „Шпар“ - Хрватска задолжен за логистика.
Извор/Фото: Instore.hr
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.