Регион

Србија: „Универекспорт“ отвори нова продавница во Суботица

30 Aug 2024

Својата триесетта продавница „Универекспорт“ ја отвори во Суботица на адреса Фрањо Клуз 18.

Објектот се протега на 545 квадратни метри и во неа има асортиман од 6.000 артикли од различни категории.

Потрошувачите во оваа продавница на распологање ќе имаат оддели  за овошје и зеленчук, млечни производи, свежо месо, мини деликатеси, деликатеси, како и пекарница, смрзнати производи и ладни пијалаци.

Во широкиот асортиман на компанијата ги има и домашните производи од сопственото производство, месните деликатеси и свежото месо од Bačka, органското масло Organa, производите од Domaćinstva Vučurević, како и производите од трговската марка Baš Baš, Naše najbolje и Daj Daj

На денот на отворањето компанијата подготвила подарок пакети за првите сто потрошувачите, како и подарок торби за купување, а секоја 50. купување било бесплатно.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...