Регион

БиХ: Потрошувачката кошничка во јули надмина 1.500 евра

22 Aug 2024

Сојузот на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина соопшти дека синдикалната потрошувачка кошничка во државата во јули изнесува 2.977 конвертибилни марки (1.522 евра).  

Просечната плата во БиХ во мај изнесува 1.384 конвертибилни марки (707 евра), додека минималната плата изнесува 619 конвертибилни марки (316 евра).

Покриеноста на синдикалната потрошувачка кошничка со просечната плата изнесува 46,48%, додека со минамалната плата изнесува 20,79%.

При креирањето на потрошувачката кошница земена е предвид просечната исплатена, како и минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство составено од двајца возрасни и две деца, од кои едното е во гимназија а другото е  во основно училиште.

Во категоријата храна, користени се цените од три трговски центри   за 86 артикли. Кога станува збор за хигиената и одржувањето на здравјето, вклучени се трошоците за десет ставки, а за домување и комунални услуги, трошоци вкучени за шест ставки.

 

 

Извор: biznisinfo.ba

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...