Регион

Црна Гора: Потребно е зголемување на минималната плата

16 Aug 2024

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ преку социјалната мрежа „Х“ соопшти дека е неопходно да се зголеми минималната плата, но еднакво за сите и без дискриминации.

Потрошувачката кошничка за сите е иста. Затоа и минималната плата мора да биде еднакава за сите, наведува претседателот Милатовиќ на „Х“, пренесува „Мина“.

 Тој истакнува дека минималната заработувачка и во претходниот период значително ја изгубила куповната моќ.

Со минималната заработувачка ќе може да се купи само 50 отсто или половина од потрошувачката кошничка. Тоа значи дека покрај значителното зголемување на цените еден дел од граѓаните повторно е во состојба за социјална помош, соопштува Милатовиќ.

 Извор: biznis.rs

Фото:Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...