Регион

Србија: Отворена е нова продавница на „Јутро“ во Мионица

15 Aug 2024

Отворена нова продавница на „Јутро“ во Мионица, а до крајот на летото бројот на објектите во Србија на оваа малопродажна франшиза на „Метро“ ќе достигне педесет.

Продажниот објект свечно го отворија новиот генерален диретктор на „Метро“ во Србија, Надир Каџи, директорот за продажба во „Метро“, Душан Чоловиќ, сопственикот на продавницата „Јутро“ и „Микула комерц“, Милинко Суботиќ со неговото семејство и претседателот на општината Мионица, Бобан Јанковиќ.

 Од неодамна дел од оваа франшиза  стана и „Микула комерц“, која е во сопственост на Милинко Суботиќ, со потенцијал неговите преостанати четири трговски објекти, во областа на општина Мионица, да се приклучат на семејството „Јутро.“

Милинко и неговото семејство развиваат мал, независен трговски бизнис од 1996 година, а тие се наш партнер од 2011 година. Без оглед на трендовите во регионот, независните трговци во Србија сè уште играат многу важна улога во одржувањето и развојот не само на локалните заедници во кои соработуваат, но и за целата домашна економија, каде придонесуваат за нејзина поголема различност, а со тоа и одржливост. Како единствен  вистински трговец на големо на на српскиот пазар, „Метро“ ги доживува своите професионални купувачи како деловни партнери. Малите, независни трговци претставуваат една од двете основни групи професионални купувачи со кои „Метро“ соработува речиси 20 години, а ние сме убедени дека програмите како штo е франшизата „Јутро“ се одличен показател за долгорочниот одржлив развој на овие партнерства, изјави Душан Чоловиќ, директор за продажба во „Метро“.

Извор: InStore.rs

Фото: „Метро“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...