Регион

Црна Гора: „Воли“ ќе гради трговски центар во Подгорица

09 Aug 2024

Компанијата „Воли трејд“ доби зелено светло за изградба на трговски центар и административна зграда на местото на поранешната фабрика „Радоје Дакиќ“ во Подгорица.

Имено, Агенцијата за заштита на животната средина донесе решение во кое се наведува дека не е потребно да се изготвува елаборат за оцена на влијанието врз животната средина за изградба на овие објекти.

Со оваа одлука на Агенцијата, „Воли“ е на чекор до реализација на инвестицијата во Подгорица. Претходно, Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот и издаде урбанистичко-технички услови на компанијата, додека Канцеларијата на главниот државен архитект го одобри идејниот проект на идните згради.

Како што напиша претходно „еКапија“, компанијата „Воли трејд“ планира да гради на две  парцели со вкупна површина од околу 22.000 метри квадратни како дел од оваа инвестиција.

 Вкупната површина на трговскиот центар ќе биде на површина од 18.363,97 квадратни метри. Ќе има гаража, приземје и два ката. Во приземјето ќе има хипермаркет со услужен ресторан и сродни објекти, како и деловен простор. На првиот кат е предвиден ресторан со тераса, придружни соби и ВИП салони. На вториот кат ќе биде сместена управата во служба на маркетот и архивата. А деловната зграда ќе има гаража, приземје и два ката. Вкупната нето површина ќе биде 5.975,28 метри квадратни нето или 6.391,28 метри квадратни бруто.

„Воли“ планира да изгради нови трговски центри во Никшиќ и Херцег Нови.

   

Извор: eKapija



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...