Регион

Црна Гора: Просечната плата во јуни изнесува 838 евра

06 Aug 2024

Според податоците на „Монстат“ просечната заработувачка за јуни во Црна Гора, без пресметан данок и придонеси изнесува 838 евра и е за 0,7 отсто поголема во однос на мај.

Доколку се има во предвид дека потрошувачките цени во јуни во однос на претходниот месец имале пораст од 0,1 отсто, произлегува дека реалната заработувачка за истиот период пораснала за 0,6 отсто, се наведува во соопштението од „Монстат“.

Пораст на просечната нето плата на месечно ниво е забележан во секторите: снабдување со вода, управување со отпадни води, контролирање на процесите и отстранување на отпадот и слични активности (3,5%), недвижности (3,3%), снабдување со електрична енергија, гас и климатизација (2,8%), земјоделство, шумарство и рибарство (2,2%), преработувачка индустрија (1,6%), административни и помошни услужни дејности (1,5%), услуги за сместување и исхрана (1,4%), државна управа и одбрана (1,4%).

Пораст е забележан во и во рударството, стручните, научни и технички дејности (1,3%), градежништво (1,2%), големопродажба и малопродажба, поправка на моторни возила, уметничко – забавни и рекреативни дејности (0,7%) и финансии и осигурување (0,5%).

 На годишно ниво забележан е пораст на просечната нето плата од 5,4 отсто.

 

Извор: Bankar.me

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...