Регион

Србија: „Лидл“ со проект - „Сакаш ли да ги замениме местата?

30 Jul 2024

Компанијата „Лидл“ – Србија продолжува со реализација на проектот „Сакаш ли да ги замениме местата? Тргни се од местото“, кој веќе трета година по ред се спроведува со Националната организација на лица со инвалидитет на Србија – „Нооис“.

Годинава, циклусот на проекти почнува со симболична акција „Спомени од паркингот на „Лидл“, која во следниот период ќе се одвива во седум градови во кои се наоѓаат продавниците на „Лидл“.

„Спомени од паркингот на „Лидл“ ќе ги пречекува несовесните возачи кои своите автомобили несоодветно ги паркирале на местата кои се наменети за лицата со инвалидитет на паркинзите на продавниците на „Лидл“ во Белград, Чачак, Ужице, Зрењанин, Ниш, Покуплје и Нови Пазар.

Невминателните возачи како дел од оваа иницијатива ќе добијат фотографија од своето возило со порака која го свртува вниманието на тоа како ваквиот начин на паркирање може да влијае на секојдневнието на другите.

Со  дополнително обележување на паркиг местата кои се наменети за лицата со инвалидитет на паркинзите пред своите продавници и интензивната комуникација за значењето на оваа тема, „Лидл“ покрај поддршката, дава и позитивен пример за подигнување на свеста во јавноста за потребите и правата на лицата со инвалидитет.

 

 

Извор: InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...