Регион

Романија: „Пепсико“ отвори ново автоматизирано складиште

16 Jul 2024

Како дел од инвестицијата вредна 33,5 милиони долари, „Пепсико“ во Романија отвори ново автоматизирано складиште во својата фабрика за грицки.

Складиштето кое се протега на површина од 32.560 квадратни метри, опфаќа  простор висок 54 метри со капацитет од 23,500 палети.

Објектот поседува фотонапонски панели, кои ќе придонесат за намалување на емисијата на гас годишно  за речиси 500 тони.

Покрај тоа, се очекува ова складиште да ја елиминира потребата за над 9.000 транспортни камиони.

Завршувањето на оваа инвестиција означува важен чекор во централизацијата на нашето работење, претворајќи ја оваа фабрика во стратешки регионален центар за Централна и Југоисточна Европа. Со својот импресивен капацитет за производство и складирање, овој објект ќе обезбеди ефикасна контрола на залихите, истовремено намалувајќи ги емисиите на јаглерод и оперативните трошоци, рече Раду Беревоеску, генерален директор на „Пепсико“ за Источен Балкан.

Изградбата на ова складиште го означува завршувањето на стратешки инвестициски проект вреден повеќе од 100 милиони долари.

Инвестицијата, која првпат беше најавена во 2022 година, вклучува три нови производни линии и изградба на автоматизирано складиште, со што годишниот производствен капацитет на фабриката ќе се зголеми на 39.000 тони.

Објектот сега опслужува 17 земји низ Централна и Југоисточна Европа.

 Извор: Marketing Dive

Фото: „Пепсико“ – Романија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...