Со отворањето на новиот модерен супермаркет на „Плодине“ во Лепоглава, продажната мрежа на компанијата ја достигна бројката од 137 отворени продавници во Хрватска и ја потврди нејзината експанзија во континеталниот дел од земјата.
Со богатата понуда од познати брендови и широкиот асоритиман од трговски марки на купувачите им се нуди голем избор и поволни цени кои се исти на копно и на море. Со овој проект се отворија нови работни места, а се доделија и донации на Здружението на пензионери од Лепоглава, Здружението на бранители и на КУД „Лепоглавски цвет“. По повод отворањето за купувачите во супермаркетот беше подготвена пригодна програма со разни дегустации, бесплатна скара, освежителни пијалаци и тркало на среќата на кое можеа да се освојат вредни награди, соопштуваат од компанијата на нивниот профил на „Линкедин“
Инфо/Фото: „Плодине“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.