Регион

Србија:„Макси“ успешно ја заврши првата фаза од проектот за едукација на деца

13 Jun 2024

Учениците од четврто одделение од Основните училишта во Србија во текот на оваа учебна година имаа можност да ги научат основите за правилна и балансирана исхрана како дел од програмата „Здрава храна секој ден“.

Едукативната програма ја спроведува малопродажниот синџир „Макси“ со поддршка на Министерството за образование, а вклучува предавање на нутриционистката Ивана Мишиќ, кое  е прилагодено за деца на возраст од 10 години.

Предавањето вклучуваше деца од 19 градови, меѓу кои се Белград, Нови Сад, Суботица, Зрењанин, Ваљево, Врање, Лесковац и Ниш. Како дел од програмата, информациите за здрава исхрана стигнаа до 16.000 ученици во 150 училишта, додека сите други ученици добија водич во дигитален формат.

Исклучително сме горди што со поддршка на Министерството за образование стигнавме до сите четвртооделенци во Србија. Ова е навистина значаен проект кој не само што ги едуцира, туку и ги инспирира децата да усвојат здрави навики во исхраната кои ќе ги следат во текот на нивниот живот. Мисијата на „МаксиЕ е на купувачите да им обезбедува здрава храна на трпезата секој ден, а бидејќи правилните навики се усвојуваат уште од раните училишни денови, сигурни сме дека некои нови генерации кои избираат храна за своето домаќинство повнимателно ќе ги избираат намирниците во супермаркетите. Искрено веруваме дека овој проект ќе донесе долгорочни позитивни ефекти во заедницата, а од септември влегуваме во втората фаза од проектот во нашите училишта, изјави Јелена Павловиќ, член на извршниот одбор и потпретседателка на „Делез“ -  Србија.

Задоволство од успешниот проект изрази и Милан Пашиќ кој е помошнико на  министерката за претшколско и основно образование.

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...