Стипе Беванда, директор на „Сараевски кисељак“, која е членка на „Фортенова група“, потпиша нов колективен договор со претставникот на на Сидикатот „ППДувит“- БиХ, Мехмед Авдагиќ.
Овој колективен договор претставува важен чекор за нашата компанија и вработените и е најдобар показател за нашиот континуиран фокус на осигурување на добри услови за работа. Со него не само што ги унапредивме материјалните услови за нашите вработени, туку поставивме и важни темели за долгорочен просперитет и задоволство на сите членови на нашиот тим, создавајќи опкружување во кое сите вработени ќе можат да се развиваат. Горди сме што можеме да им дадеме сигурност и поддршка на нашите вработени, затоа што веруваме дека тие се срцето и силата на нашата компанија, изјави Беванда.
Вредноста на договорените дополнителни права на вработените за 2024 година, во рамките на новиот колективен договор изнесува 1,3 милиони конвертибилни марки.
Промените го вклучуваат зголемувањето на основните плати, преминувањето на понтранспаретно пресметување на платите, зголемувањето на додатокот за храна и израмнување на регресот со 70% просечната плата во БиХ.
Четири години по ред „Сараевски кисељак“ се позиционира меѓу топ три работодавачи во прехранбениот сектор во БиХ, а годинава во оваа категорија е на првото место.
Извор: Klix.ba
Фото: „Сараевски кисељак“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.