Компанијата „Имлек“ традиционално со години го одбележува Светскиот ден на заштита на животната средина, а годинава својата ангажираност во зачувувањето на животната средина ја покажа со засадување на медоносни растенија и изградба на хотели за пчели.
Во медоносниот парк „Силос“ во Белград, вработените на компанијата со заеднички сили засадуваа медоносни растенија, кои се важни поради привлекувањето на инсектите кои се клучни за развојот на биодиверзитетот и зачувувањето на растенијата.
Покрај тоа, имаа една интересна и едукативна акција за изградба на хотел за диви пчели, кој обезбедува безбедно засолниште и го поттикнува зачувувањето на популацијата на овие важни опрашувачи.
Преку своето деловно работење, „Имлек“ ги интегрира принципите на одржливост и одговорност за животната средина и континуирано работи на намалување на негативното влијание врз природните ресурси
Како општествено одговорна компанија, ја препознаваме нашата улога во заедницата и се стремиме активно да придонесуваме за социјалната благосостојба. Преку корпоративни волонтерски програми, поддршка на локални иницијативи и развивање партнерства со организации со кои имаме иста визија, воспоставуваме врски помеѓу просперитетот на бизнисот и постигнувањето на позитивни општествени промени. Одржувањето високи стандарди на деловен интегритет и транспарентност во сите активности дополнително ја потврдува нашата посветеност на принципите на општествена одговорност. Со вклучување на интересни групи и слушањето на потребите на заедницата, ние континуирано работиме на подобрување на нашата социјална улога и постигнување позитивни влијанија врз средината во која работиме, рече Марија Маловиќ, регионален менаџер за комуникации и корпоративни работи во „Имлек“.
Извор: Instore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.