Регион

Хрватска: „Студенац“ со проект за поддршка на еднородителските семејства

28 May 2024

Трговскиот синџир „Студенац“ во соработка со партнерите од цивилниот сектор, Здружението „Лет“, Центарот за репродуктивно и ментално здравје и хуманизам, „Мал змеј“,  го покрена проектот „Портокалова рипка“, за поддршка  на еднородителските семејства.

Преку оваа иницијатива, „Студенац“ продолжува да ги поддржува најранливите членови на заедницата во која што делува и влијае на позитивните промени во нивните животи, а годинава тоа ќе го направи со овозможување на летување за децата од еднородителските семејства, со донирање за Здружението „Мал змеј“.

 Во Хрватска моментално има 218,198 еднородителски семејства од кои 82% се самохрани мајки со деца.

Резултатите од најновото истражување го претстави, Ирена Старман Франчиќ, која го водела истражувањето како дел од агенцијата „Хендал“, кое беше спроведено заедно со Здружението „Лет“.

Раковидителката на проектот од корпоративните комуникации на „Студенац“, Ања Шкуље Макјаниќ,  заедно со директорката на маркетинг, Миранда Младин ги објасни причините за започнување со овој проект.

Преку општествено одговорното работење на нашата компанија континуирано го поддржуваме развојот на одржлива и инклузивна заедница, а овој проект е токму продолжение на нашите чекори во таа насока. Исклучително сме задоволни што во соработка со здружението „Мал змеј“ овој јули ќе обезбеди летен одмор и одмор за шеесетина деца од еднородителски семејства, со што ќе им дадете можност да создадат убави спомени, но и да ја сензибилизираат јавноста и да поттикнат дискусија за предизвиците со кои се соочуваат еднородителските семејства, рече Шкуље Макјаниќ.  

Поддршка за работата на Здружението „Мал змеј“ и приклучување кон проектот може да се направи преку веб страницата на проектот и преку апликациајта „Мој Студенац“ .

Извор/Фото: InStore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...