Регион

Словенија: „Лидл“ повторно ги зголемува платите на вработените

07 фев 2024

„Лидл“ – Словенија, за нецела година најави уште едно зголемување на платите на своите вработени.

Вработените во компанијата кои се над 2.000, од први март, кога од компанијата ја започнуваат новата деловна година,  ќе почнат да земаат повисоки плати.

Истовремено од компанијата најавиле и зголемување на деловниот учинок, најголем регрес од 2.000 евра и многу други атрактивни новини. Една од тие новини е воведувањето на колективно здравствено осигурување за сите вработени со што, како што посочуваат од компанијата, ќе се обезбеди професионален, квалитетен и пред сѐ брз пристап до здравствените услуги.

За сите зголемување на плата и додатоци во последните две години „Лидл“ ќе издвои над 10 милиони евра.

Преку разни мерки за добробит на своите вработени, „Лидл“ – Словенија докажува долги години дека предничи на полето на развој на кадарот и обезбедување на добри услови за работа. После минатогодишното зголемување на платите во мај и другите финансиски додатоци, вработените во „Лилд“ – Словенија и оваа година ќе добијат добри бонуси, соопштуваат од компанијата.

Извор: Instore.si

Фото: „Лидл“ - Словенија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...