Регион

„Перутнина Птуј Топико“ отвори нови комплекси во Бачка Топола

06 Oct 2023

Со цел да се обезбеди сеопфатно управување со производниот синџир „од нива до трпеза“ и континуирано снабдување со висококвалитетно месо на пазарот, „Перутнина Птуј Топико“ го продолжи претходниот процес на отворање модерни фарми за одгледување пилиња.

Според компанијата, интензивниот инвестициски циклус инициран од групацијата „Перутнина Птуј“ во Србија придонесе за систематско подобрување на сите аспекти на бизнисот.

Во Бачка Топола беа завршени две нови фарми со по седум згради, со вкупен капацитет од 630.000 пилиња. Објектите се опремени со современа технологија која овозможува ефикасно и хумано одгледување на животни, додека целосната автоматизација и следењето на сите клучни параметри се одговорни за биолошката безбедност на пилињата.

Дополнителното унапредување на ефикасноста на производствениот систем на компанијата придонесе за отворање на инкубаторската станица, чиј годишен капацитет е 26,4 милиони јајца, додека сегашното неделно производство на еднодневни пилиња е 330.000.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...