Регион

(ВИДЕО) Хрватско пиво доби термо етикета

23 Aug 2023

„Загребачка пивовара“ лансираше нова кампања за Ožujsko пиво „Кога топлото ќе здосади, со  Žujа се разлади“ („Kad vrućina dosadi, Žujom se rashladi)“. Целта на кампањата е промоција на термо етикета за Ožujsko pivo, која ја менува бојата во плава кога пивото ќе стане ладно.

Термо етикетата првобитно беше лансирана пред неколку години, во рамки на кампањата „Кога етикетата е плава, температурата е права“. 

Етикетата се лади благодарение на посебна технологија, наречена „леден раб“ што се користи во печатењето етикети, и која ја менува бојата кога ќе достигне температура од осум целзиусови степени. 

Истата технологија неодамна ја користеше и компанијата „Хајнекен“ - Хрватска за креирање на етикетите за Karlovačko Ledeno.

Погледнете:



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...