Малопродажниот синџир со најмногу продавници во Хрватска презема уште една компанија.
„Студенац“ го купува трговскиот синџир „Шпар“, кој има 40 продавници и работи во Бјеловар, Копривница и Загреб. Сѐ е веќе договорено и се чека само формалниот потпис на купопродажниот договор.
„Шпар Бјеловар“ има околу 150 вработени. Лани оствари приход од 22,4 милиони евра (пораст од 13 отсто) и нето-добивка од 1,1 милион евра (пораст од 38 отсто).
Неодамна, „Студенац“ го презеде малопродажниот синџир „Страхињчица“ со 47 продавници во Загорје и околината и околу 200 вработени. Тие најавија три аквизиции годинава, а „Шпар“ е втор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.