Регион

Словенија: Познатиот бренд пиво има нов визуелен идентитет

31 Jul 2023

Брендот Laško има нов визуелен идентитет. Процесот на редизајнирање на корпоративниот идентитет траеше три години и е дел од поширока стратегија која има за цел да ги обедини брендовите Heineken и  Laško под еден имиџ, пренесе „Маркетинг магазин“. 

Дури и после седум години, откако нашиот сопственик, компанијата „Хајнекен“ и двете пиварници функционираат како една компанија, често се чини дека ние како вработени живееме меѓу овие две култури. Поради тоа почнавме реконструкција на корпоративниот идентитет со обновување на нашата визија, мисија и вредност. Во меѓувреме се соочивме со многу деловни трансформации, па визуелниот идентитет беше логичен чекор напред кон постигнување униформност, изјави Аленка Розман, директорка за комуникации во пиварницата „Лашко Унион“. 

Компанијата веќе неколку години во интерната комуникација ја користи скратената верзија на називот, кој во основната верзија е подолг и сложен - па наместо „Пиварница Лашко Унион“, ја користат скратеницата ПЛУ. 

Новото лого исто така почнува со овие три букви, кои заедно прават знак што претставува кригла пиво. 

Од компанијата кажаа дека во поранешниот логотик се комбинирани три бои, Лашка зелена, Унион црвена и Хајнекен зелена, што често претставувало предизвик при дизајнирањето различни корпоративни промотивни материјали, па сега е претставена нова боја - златна, која ќе се користи наместо овие три бои. 
 

Извор: InStore.si
Фото: Laško Union

    



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...