Регион

Од 1 јули неработна недела и во Хрватска

27 Jun 2023

Од 1 јули, кога ќе стапи во сила новиот закон за трговија во Хрватска, продавниците нема да работат во недела. 

Според законот, трговците по сопствена проценка ќе можат да изберат 16 недели во текот на годината кога нивните врати ќе бидат отворени. Понудените 16 работни недели мора да се распоредат на шест месеци до крајот на годината, што значи дека трговците ќе можат да бираат меѓу 27 можни недели во кои ќе работат. 

Секоја следна година бројот од 16 недели ќе се дистрибуира во текот на целата година, пренесе ХРТ.  

Повеќето продавници веќе направија распоред, така што тие во туристичките места главно се определија да работат во неделите во летната сезона, додека кај останатите фокусот е на почетокот на училишната година и во неделите пред распустот. 

Со ограничувањето на работата во недела делумно се решава проблемот со недостаток на работници, но неделниот промет на трговците ќе биде тешко надоместлив. 

Извор: Bankar.me
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...