Регион

„Шпар“ добитник на сертификатот за одржливост Green Star

08 Jun 2023

„Шпар“- Словенија го доби сертификатот за извонредност Green Star за напредок на патот кон зелена трансформација, кој го доделува CER партнерството за одржлива економија.

Со рејтинг од четири ѕвезди, „Шпар“ е вклучен во категоријата Зелени лидери, односно компании кои ги имаат принципите за одржлив бизнис цврсто вградени во нивната стратегија и бизнис-модели.

Според компанијата, сертификатот ги потврдува напорите на компанијата да ги искористи можностите што ги дава зелената трансформација.

Во текот на процесот на добивање на сертификатот Green Star добивме квалитетен увид во ризиците, предизвиците и можностите на „Шпар“-Словенија во областа на одржливоста, како и потврда дека ги правиме вистинските чекори на овој пат на одржливост. Ќе продолжиме да го следиме со вклучување на сите заинтересирани страни и колективно дејствување, бидејќи сметаме дека само така ќе ги постигнеме поставените цели, изјави Маша Шпрајчар-Ранчиќ, раководител на секторот за одржлив развој во „Шпар“ - Словенија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...