Одржливата деловна стратегија на групацијата „Подравка“ до 2030 година вклучува чиста животна средина, здрава исхрана, грижа за вработените и заедницата и одговорно корпоративно управување како главни области на дејствување.
Минатата година „Подравка“ прослави 75 години работа. За да бидеме еднакво успешни или уште поуспешни во наредните години, мораме одговорно да се однесуваме кон животната средина и ресурсите, како и со сите наши засегнати страни и заедницата во која работиме. Со донесување на Стратегијата за одржливост на групацијата јавно се обврзуваме на исполнување на конкретните цели, што е дополнителен поттик за успешно и целосно реализирање на сите наши планови. Во исполнувањето на овие цели, инвестираме сто милиони евра, но убедени сме дека на овој начин дополнително ќе ја подобриме нашата конкурентност и ќе ги зајакнеме нашите позиции на пазарот, изјави Мартина Далиќ, претседател на Управниот одбор на „Подравка“.
Клучните инвестиции што го поддржуваат и овозможуваат исполнувањето на целите за одржливост на групацијата вклучуваат, меѓу другото, проширување на соларната централа, изградба на когенеративна централа, концентрација на пекарското производство во Словенија на една локација, модернизација на возниот пар и изградба на нов логистички дистрибутивен центар во Копривница.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.