Компанијата „Виолета“ гради трговски центар и хотел, објекти што ќе се простираат на површина од 7.000 квадратни метри и ќе се наоѓаат во центарот на Груде, Босна и Херцеговина.
На посетителите ќе им бидат понудени многубројни угостителско - продажни објекти на едно место, како што се детска игротека, ресторан, кафе-бар, аптека, хипермаркет и продавници на популарни модни брендови.
За потребите на објектот ќе бидат достапни 300 паркинг - места, со дополнителна подземна гаража во рамките на објектот.
Завршувањето на проектот се очекува наредната година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.