„Перутнина Птуј“ разви серија производи Poli Green наменети за сите што бараат квалитетни алтернативни извори на протеини.
Новата линија се состои од три производи, колбаси и нарезок кои се произведуваат во нивниот објект во Залог и замрзната пица која се произведува во соработка со реномиран производител на пица во Италија. Засега новите производи се тестираат само на словенечкиот пазар, а наскоро ќе се најдат и во Хрватска и на другите пазари на Европската Унија.
Како алтернатива на протеинот од соја, кој често се користи како суровина за замена на месото, го избравме протеинот од грашок. Тие претставуваат неалергичен, висококвалитетен извор на протеини бидејќи ги содржат сите есенцијални аминокиселини, немаат негативни асоцијации, а истовремено овозможуваат развој на соодветна текстура на производот, објасни Флоријан Чајзек, шеф за развој на групацијата „Перутнина Птуј“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.