Регион

Словенија: „Хофер“ ги зголеми бонусите за вработените

13 Apr 2023

„Хофер“ со исплатата за март почна да ја зголемува лојалноста и трудот на вработените со значително поголем јубилеен бонус отколку до сега, кога изнесуваше по 670 евра за вработен, односно колку што е предвидено со колективниот договор за трговија. 

Вработените во продажба и логистика во „Хофер“ сега ќе добијат по 1.400 евра награда. Тие што годишницата ја прославија пред март, а веќе добија пониска награда, компанијата ќе им ја исплати разликата до повисоката награда.  

Дисконтерот минатата година ја зголеми и отпремнината пред заминување во пензија, што сега изнесува по 10.000 евра. 

Да потсетиме, „Хофер“ во јануари веќе ги зголеми платите на вработените во 2023. Продавачите во највисоката платна класа сега добиваат по 1.458 евра бруто за работа од 30 часа неделно, што е 21 отсто повеќе од минималната заработка во Словенија за 40 часа неделно, што изнесува 1.203 евра бруто. Трговецот ги зголеми и регресот (1.800 евра), надоместот за Божиќ (300 евра бруто) и надоместот за ужина (по 7,96 евра дневно). 

Свесни дека платата е важен дел од мотивацијата, а истовремено на овој начин ги одржуваме и соодветните односи меѓу платните класи, соопштија од „Хофер“. 

Анонимното истражување што го спроведе независна институција минатата есен покажа дека индексот на задоволство во оваа компанија изнесува 89 отсто. 

Извор: Instore.si

Фото: Hofer



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...