Регион

Трет меѓународен саем за халал - индустрија во Сараево од 17 до 19 мај

05 Apr 2023

„Босна бенк интернационал“ (BBI) Сараево и Агенцијата за сертификација на халал - квалитетот во БиХ го најавија третиот меѓународен саем за индустријата за халал „Сараево халал (SHF)“ 2023 година.

SHF ќе се одржи од 17 до 19 мај 2023 година во хотелот „Хилс“, во Илиџа, Сараево. Стратешки партнер на саемот е Министерството за економија на кантонот Сараево.

3. „Сараево Халал (SHF)“отвора можности за деловни средби со производители, дистрибутери, инвеститори и одржување G2G/G2B/B2B состаноци и претставува одлична можност за производителите да ги претстават своите производи и услуги пред клиентите и дистрибутерите од целиот свет. Саемот е одлична можност за остварување позитивни контакти со потрошувачите на халал-сертифицирани производи. Истовремено ќе се одржи и Меѓународниот конгрес за халал-квалитет, соопштија организаторите.

Организаторите очекуваат повеќе од 100 изложувачи, со учество на над 2.000 бизнисмени и околу 10.000 посетители од целиот свет.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...