Регион

„Подравка“ и „Атлантик група“ ќе соработуваат на странски пазари

08 Mar 2023

Две водечки производствени компании од Хрватска, „Подравка“ и „Атлантик група“, договорија соработка на странски пазари, во САД и во Австрија. Воведоа пракса на меѓусебна извозна поддршка, што подразбира дека дистрибутивната куќа на „Атлантик“ во Австрија ќе дава поддршка на пласманот на производите на „Подравка“ на австрискиот пазар, а истовремено „Подравка“ ќе ги пласира производите на „Атлантик“ на пазарот во САД. 

Ова е важен чекор во деловната пракса на хрватските компании во странство. Задоволна сум со овој чекор, бидејќи две силни компании се здружуваат за уште повеќе да извезуваат и да го засилат присуството на сопствените брендови како на европскиот, така и на американскиот пазар, изјави Мартина Делиќ, претседателка на Управата на „Подравка“. 

Целта на соработката е меѓусебна синергија и посилен пласман на производите на двете компании и уште поголема препознатливост на брендовите, користејќи ја развиената деловна мрежа и пазарната позиција што „Подравка“ и „Атлантик“ ги имаат да двата пазари. 

Vegeta и Argeta, како наши најистакнати извозни брендови, со остатокот на нашето порфолио, се природно сојузници на меѓународниот пазар. Горди сме на овој договор кој има многу јасна логика на користење на заедничките можности. Отвореност, доверба и интерес за наоѓање синергија на патот кон создавање нови вредности се вистинскиот темел на релациите меѓу „Подравка“ и „Атлантик група“, изјави Емил Тедески, претседател на Управата на „Атлантик група“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...