Регион

„Атлантик група“: Рекорден приход од продажба со високи инфлациски притисоци

28 Feb 2023

„Атлантик група“ во 2022 година забележа приход од продажба во износ од 846,2 милиони евра, што во однос на истиот период лани претставува раст од 11,8%. Под влијание на значителните поскапувања во целокупниот спектар на деловни активности, добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) е намалена за 20,6% во однос на 2021 година и изнесува 76,4 милиони евра, додека нето добивката е намалена за 43,2% и изнесува 26,0 милиони евра.

И покрај бројните предизвици, „Атлантик група“ постигна историски рекордни продажни резултати во 2022 година, а беше постигнат раст во сите деловни и дистрибутивни подрачја. По годините на ковид, 2022 година беше обележана со руската агресија против Украина, која предизвика енергетска криза, дополнителни одложувања и недостиг во синџирите на снабдување и значително зголемување на цените за речиси сите наши стратешки суровини и услуги. Можевме само делумно да ги компензираме овие зголемувања на цените со оптимизирање на внатрешните ресурси и во помала мерка со зголемување на нашите продажни цени, што, како што се очекуваше, доведе до пад на профитабилноста. Без разлика на тоа, продолживме со инвестиции во развој на бизнисот – иновации во производното портфолио, модернизација на производните капацитети и продолжување на дигиталната трансформација, изјави претседателот на Управниот одбор на „Атлантик група“, Емил Тедески.

Кафе, Пијалаци и Фармација го предводат растот

Најголем раст од 20,2 отсто оствари стратешката деловна област Пијалаци, чиј водечки бренд е Cedevita, а потоа брендовите Barcaffe и Grand cafa, со раст од 16,2%, а со двоцифрен раст од 10,5% се истакнува и фармацевтскиот бизнис под брендот Фармација. Кај дистрибутивните области предничат Србија со раст од 15,5% и Хрватска со раст од 10,7%. На крилата на добро реализираниот дистрибутивен бизнис, дистрибутивното портфолио се прошири, со соработка со новиот принципал Интерснек (Чио) во Србија и со проширување на успешната соработка со Red Bull во Србија и на подрачјето на Северна Македонија.

Рекордна дивиденда, поделба на акции и зајакнување на органите на управување

„Атлантик група“ исплати историски највисоката дивиденда во износ од 50 куни по акција и се поделија акциите на тој начин што беше поделена една акција со поединечен номинален износ од 40 куни во четири нови акции со поединечен номинален износ од по 10 куни. Во декември, Мате Штетиќ, поранешниот главен директор на Стратешката област Кафе, беше назначен за нов член на Управниот одбор на „Атлантик група“, кој го прошири ова тело на седум члена. Во новиот асортиман на обврски, Штетиќ освен што се грижи за категоријата кафе, го презеде и управувањето со категориите чоколади, слатки и солени грицки. Во првиот дел од годината, Надзорниот одбор на друштвото беше проширен на девет члена, а составот на ова тело го засилија др. Весна Невистиќ и Зоран Вучиниќ.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...