Германскиот трговец „Лидл“, кој во 2021 година регистрираше своја фирма во БиХ, планира во почетокот на 2024 година истовремено да отвори најмалку шест продажни места ширум БиХ.
Компанијата избра локација и во Тузла - на местото на некогашна „Металотехна“, ул.„Хусински рудари“ бр 138. Во тек е испитување на теренот, по што ќе се пристапи кон чистење и подготовка на теренот за првите градежни работи. Ако се биде според планот, отворањето на продажниот центар на „Лидл“ во Тузла може да се очекува во почетокот на наредната година, пренесува tuzlanski.ba.
Според наведеното, „Лидл“ во Тузла ќе биде позициониран меѓу два други трговски центри, „Бинго цити центер“ и „Беламионикс“ чија изградба е во тек на локацијата на поранешната фабрика „Гуминг“.
Веќе е најавена изградба на продавници во Сараево, Требиња, на подрачјето на Бјелиње....
Долгорочна цел на „Лидл“ е да отвори околу 30 продажни места во БиХ.
Извор: tuzlanski.ba
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.