Фабриката „Шуми“ од 1 јануари привремено го сопре производството на бонбони и мастики за џвакање во Кршко, Словенија, поради високите цени на енергенсите. Сега во фабриката во тек е чистење и ремонт на машините, што обично се прави во летен период.
Според неофицијални податоци на словенечките медиуми, производството ќе биде запрено до крајот на март. За тоа време работниците користат годишен одмор или помагаат на други локации.
Компанијата „Шуми“ во 2008 година го пресели производството на бонбони и мастики за џвакање од Љубљана во Кршко. Во моментов има околу 60 вработени.
Извор: SEEbiz
Фото: Šumi
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.