Регион

„Лашко“ ги продаде брендовите Sola и Zala

16 Jan 2023

Пиварницата „Лашко унион“ и словенечката компанија „Ника бев“ потпишаа договор со кој пиварницата го пренесува сопствеништвото над брендовите Sola и Zala на новата генерација во семејството Станиќ.

Договорот опфаќа отстапување на брендовите, нивно лиценцирано производство и дистрибуција на производите од страна на пиварницата.  

Завршувањето на трансакцијата ќе следи по исполнувањето на суспензивните услови, додека вредноста на договорот уште не е позната. 

По преселувањето на производството на пиво од Љубљана во Лашко, почнато во 2021 година, и со одлуката за продажба на брендовите Sola и Zala пиварницата ќе го поедностави работењето, а истовремено ќе ѝ овозможи на компанијата да се фокусира на одржлив раст со фокус на пиварството, соопштија од „Лашко унион“. 

По преносот на сопствеништвото над двата бренда, производите на Solа и Zala, ќе продолжат да се произведуваат и продаваат на клучни пазари на кои овие производи веќе се присутни, а и натаму ќе бидат достапни во рамки на постечките канали на продажба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...