Трговците „Певекс“ и „Конзум“ го скратија работното време на маркетите поради вечерашниот фудбалски натпревар Хрватска - Аргентина во финалето на Светското првенство во фудбал.
Со оглед на тоа дека во Хрватска навивачката еуфорија денеска е на врвот, маркетите на овие трговски синџири ќе работат скратено - „Певекс“ фо 19.30 часот, а „Конзум“ до 20 часот, за да можат и нивните вработени да ја гледаат борбата за финалето.
Од трговските центри ги повикаа купувачите денеска навреме да завршат со купување.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.