„Виолета“ најави дека отвора нов производствен капацитет во Груде, Босна и Херцеговина, каде што во првата фаза ќе вработи 15 работници. Компанијата распиша конкурс за работници.
Сопственикот на компанијата, Петар Ќорлука, минатата година најави нова инвестиција во производството слична на онаа што компанијата моментално ја работи. Вредноста на инвестицијата е околу дваесет милиони евра, изјави тогаш Ќорлука, но не откри повеќе детали.
„Виолета“ има три погони, две во Груде и еден во Св. Иван Зелина кај Загреб.
„Виолета“ во БиХ е лидер во категориите хартиена галантерија, пелени за деца, детски влажни марамчиња и хигиенски салфетки. Во Хрватска сме лидери во категоријата хартиена галантерија и детски влажни марамчиња, а во Словенија сме број еден во категоријата влажни марамчиња, велат од компанијата.
„Виолета“ најмногу извезува во Србија, Црна Гора, Македонија, Унгарија, Австрија, Албанија и во Словачка, а помал дел од извозот оди на други пазари во Европа и пошироко.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.