Регион

„Конзум“ ќе им исплати по 2.000 куни на вработените

12 Oct 2022

„Конзум“ на сите вработени ќе им исплати нето - износ од по 2.000 куни (по околу 265 евра) за добрите деловни резултати во летната сезона и дополнителен додатој од по 300 куни (околу 40 евра) месечно до крајот на годинава како финансиска помош во соочувањето со инфлацијата и зголемените трошоци за живот. 

Силата на нашиот тим и извонредниот придонес на нашите колеги дојдоа до израз особено во време на туристичката сезона. Токму тие со нивната работа се најзаслужни за остварувањето одлични деловни резултати, а особено во последната сезона, која ги надмина нашите очекувања. Истовремено, свесни сме за предизвиците на времето во кое живееме и на фактот дека секојдневните трошоци за живот континуирано растат. Поради тоа ги исплаќаме овие дополнителни средства како израз на благодарност кон вработените и како начин да им покажеме дека ги цениме, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“. 

Вкупно, последното вложување на трговецот во своите вработени „тежи“ 20 милиони куни и доаѓа во годината во која „Конзум“ почна и континуирано да ги зголемува платите на работниците и да им исплаќа дополнителни награди и регреси. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...