„Лидл“ во моментов вложува во можни филијали и складишта на територијата на Босна и Херцеговина, потврдија од германскиот трговски синџир за босанските медиуми. Информацијата доаѓа откако трговецот почна да гради објект во Бијелина, само една година откако ја регистрираше својата фирма во БиХ.
Во тој контекст, веќе ги пополнивме релевантните слободни работни места и активно бараме уште вработени за дополнително да го прошириме постоечкиот тим, кажале од „Лидл“ за „Независне новине“.
Трговецот смета дека БиХ е малопродажен пазар на кој концептот на работа на „Лидл“ наидува на одобрување кај потрошувачите. Ве молиме да разберете дека во овој момент не можеме да даваме никакви изјави за видот и обемот на можните активности или можните датуми за отворање продавници. Се залагаме за транспарентна комуникација и информирање и навремено ќе им ги соопштиме следните чекори на вработените и за заинтересираните страни, соопштија од „Лидл“.
„Лидл“ на 21 септември почна да гради деловен објект во Бијелина, а според новинарските извештаи, засега во план се шест објекти во БиХ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.