Регион

Хрватска: „иНовине“ нуди плаќање со криптовалути

15 Aug 2022

„иНовине“, еден од најголемите малопродажни киосци во Хрватска, кој работи во рамките на групацијата БАТ, воведува нова услуга за плаќање со криптовалути, со што станува првиот киоск во Хрватска кој нуди ваква можност за плаќање.

Проектот е реализиран во соработка со компанијата „Електрокоин“, која им овозможи на граѓаните да плаќаат со криптовалути преку платформата PayCek во над 250 продажни места на „иНовине“ низ Хрватска.

Дигитализацијата и воведувањето иновации се клучни за долгорочното подобрување и одржливост на бизнисот, што е во согласност со стратегијата ESG усвоена во целата групација БАТ. На ист начин, во нашата компанија континуирано ги слушаме барањата на пазарот, а имплементацијата на системот за обработка на плаќање со криптовалути овозможува да се приспособи бизнисот на новите генерации кои сè помалку користат готовина при плаќањето, нагласи Јурица Јурич, директор на компанијата „иНовине“.

Плаќањето е овозможено преку платформата на „Електрокоин“, а во понудата се 14 вида криптовалути.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...