Регион

„Монделез“ се интегрира со „Чипита глобал“

06 Jul 2022

„Монделез интернационал“ и формално се интегрира со компанијата „Чипита глобал“, лидер во категоријата грицки од тесто во централна и источна Европа која бележи висока стапка на раст. 

Аквизицијата која заврши во јануари годинава ѝ овозможува на „Монделез“ да понуди широк спектар портфолио на производи од тесто во Европа, задоволувајќи ја растечката побарувачка на потрошувачите во овој сегмент. Производите на „Чипита“ во моментов стигнуваат до 2 милијарди потрошувачи во повеќе од 50 земји,а по аквизицијата веќе беше забележан силен раст во побарувачката. 

По формалната интеграција со „Чипита“, деловните единици на „Монделез“ во централно - јужна Европа ќе бидат одговорни за пазарите Романија, Бугарија, Грција, Кипар и регионот на источен Јадран што го сочинуваат Србија, Хрвтска, БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово. Само во овој дел на Европа компанијата има 6 фабрики - една во Романија, две во Бугарија и три во Грција. 

Исклучително ми е драго што сме сведоци на овој историски момент кога „Монделез“ и „Чипита“ формално се интегрираа во една компанија. По 6 месеци заедничка работа, силната позиција ни овозможи да се фокусираме на амбициите насочени кон иновации со нови комбинации производи, како и на развој на брендовите на „Чипита“ на нови и на веќе воспоставени пазари, изјави Иво Најденов, потпретседател и генерален директор на „Монделез“ за централно - јужна Европа. 

Според новата организациска структура, генерална директорка на „Монделез“ за пазарот на источен Јадран и Бугарија ќе биде Марина Хадровиќ, која десет години е дел од компанијата.  

„Монделез интернационал“ е присутен во 150 земји ширум светот, имаше нето - приход од околу 29 милијарди долари во 2021 година. Грчката „Чипита“, пак, ја држи водечката позиција во производството на пакувани кроасани и грицки од тесто. КОмпанијата има 8 фабрики за производство, работи во над 50 земји и вработува повеќе од 5.400 луѓе. 


 

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...