„Атлантик група“ потпиша со компанијата „Вик про универзал“ договор за продажба на производната локација „Паланачки Кисељак“ во Смедеревска Паланка.
Предмет на купопродажбата е вкупната производна локација со целиот свој имот, вклучувајќи го и традиционалниот бренд минерална вода на пазарот на Србија - Karađorđe. Новиот сопственик ќе ги преземе и вработените во компанијата „Паланачки Кисељак“. На оваа локација „Атлантик група“ произведуваше и полнеше производи за брендот Cockta.
Стратешкиот купувач „Вик про универзал“ со седиште во Белград има долгогодишно искуство во сегментот вода и безалкохолни пијалаци, досега примарно на подрачјето трговија, па има визија и амбиција долгорочно да ја развива „Паланачки Кисељак“ и вработените тука, што претставува добра перспектива за оваа локација.
Продажбата е во рамки на процесот на дезинвестирање во помалите и несуштински дејности во склад со корпоративната стратегија на „Атлантик“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.