Регион

„Кауфланд“ повторно ги зголемува платите на вработените

14 Jun 2022

Само четири месеци по последното покачување, „Кауфланд“ - Хрватска од 1 јули ќе ги зголеми платите на сите вработени на нераководни позиции, во продавниците, логистичките и дистрибутивните центри.

Со цел да биде што е можно поголема поддршка на своите вработени во овие предизвикувачки времиња, менаџментот на „Кауфланд“ во Хрватска одлучи да ја зголеми бруто-платата за вработените на нераководните позиции во продавниците, во логистички и дистрибутивни центри за дополнителни 12,5% на просек.

Во март годинава бруто-платите за вработените на нераководни позиции се зголемени во просек за речиси 8 отсто. За 5% ќе се зголеми и висината на бонусот на плата за работа во недела, празници, како и ноќе.

На вработените во подружниците и логистиката им беа најавени и стимулации за работа во летната сезона, кои ќе им бидат повеќекратно платени во текот на сезоната.

За нас е важно со ова зголемување на платите да го пренесеме успехот на нашата компанија на нашите вработени. Нашите вработени се на прво место, па затоа во овие тешки моменти годинава по вторпат ќе ги зголемиме платите, изјави Патрик Рудат, претседател на Управниот одбор на „Кауфланд“ во Хрватска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...