Во Босна и Херцеговина се одвива кампања под наслов „Никој гладен. Никој сам“, чија главна порака гласи: „Да го намалиме уништувањето на храна – да ја донираме!“
Официјалните податоци покажуваат дека во земјата 17.000 луѓе се хранат во јавни кујни, дека има постојани барања за отворање нови јавни кујни, а бројот на корисници секојдневно расте. Од друга страна, во БиХ годишно се уништуваат 280 милиони оброци кои би можеле да бидат донирани.
Целта на кампањата, во партнерство и со компании, е да се најде системско решение за проблемот со сиромаштијата во БиХ, вклучувајќи и укинување на ДДВ-то на донираната храна.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.