Регион

И Мостар забрани работа во недела

19 Apr 2022

Град Мостар од денеска и официјално стана првиот и единствен поголем град во БиХ кој забрани продавниците да работат во недела. За тие што нема да се придружуваат до забраната се предвидени казни. 

Одлуката остава можност за исклучоци од забраната, со одобрение од надлежните служби. Но, во тој случај, продавниците што ќе работат во недела се обврзани да затворат некој друг ден во текот на седмицата. Таа можност ја искористи шопинг - центарот „Плаза“ кој ќе работи во недела, а во понеделник ќе биде затворен. 

Ние сме првиот град со таква големина кој донесе одлука за забрана на работата во недела и сум благодарен на Советот на Градот што ја изгласа одлуката. Мислам дека тоа е цивилизациска придобивка, да имаме еден ден во неделата кога не работиме. Со оглед на тоа дека примаме западни обичаи и дека сме во срцето на Европа, недела е соодветен ден, кога децата не одат во училиште и поради се што е поврзано со викендот, изјави Марио Кордиќ, градоначалник на Мостар. 

Одлуката, како и казнените одредби, се на сила од вчера. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...