„Алфи фонд“ неодамна објави дека го завршил преземањето на продавниците на „Меркур“. Назначено е ново раководство каде за генерален директор е назначен Јуре Капетан, а за директор Миха Кравања.
Не се знае колкава била вредноста на трансакцијата, но според весникот „Финанс“, договорот е вреден околу 50 милиони евра.
Агенцијата за заштита на конкуренцијата (АВК) во Словенија го одобри преземањето на 11 март, која оцени дека концентрацијата е во согласност со правилата за конкуренција.
Од „Алфи фонд“ истакнуваат дека се одлучиле на овој деловен потег, бидејќи ја препознале вредноста на брендот „Меркур“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.