Компанијата „Виолета“ донираше пелени за бебиња, влажни марамчиња, хигиенски влошки, тоалетна хартија и дезинфициенси за луѓето погодени од војната во Украина. Вредноста на донацијата е 60.000 хрватски куни ( околу 8.000 евра).
Во текот на разни кризи и непогоди, што за жал се почесто ги има во нашето опкружување и во регионот, „Виолета“ секогаш зазема ист став, а тоа е помош кога е најпотребно, без одлагање и со средства што се навистина потребни. Во оваа криза осигуравме донација на свои производи, што и тоа како им се потребни на луѓето кои избегаа од Украина и престојуваат во Хрватска, но и на оние кои останаа во Украина, соопштија од компанијата.
Дел од прозиводите се дадени на хрватскиот Црвен крст во Загреб, а дел е пратен со организиран конвој кој носеш помош до границата со Украина.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.