Регион

Трговци во БиХ го ограничија купувањето зејтин

15 мар 2022

На Босна и Херцеговина ѝ се заканува недостаток на основните прехранбени производи, зејтин и брашно. Граѓаните ги испразнија полиците во маркетите каде стоеше брашно, а снемува и масло за јадење, пишува „Слободна Далмација“. 

Трговците покрај шишињата масло истакнаа натпис во кој ги замолуваат граѓаните „купувајте најмногу 4 литри, поради познатата ситуација“. Да се купат по 5 или 6 литри не е забрането, но апелираат на совеста на потрошувачите да ја намалат потрошувачката за да има за сите. Дали граѓаните ги испразнија полиците во ирационален страв како на почетокот на пандемијата пред две години, или на БиХ навистина ѝ се заканува недостиг, времето ќе покаже, се вели во текстот на „Слободна Далмација“. 
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...