„Орбико група“, еден од најголемите европски дистрибутери на стока за широка потрошувачка со повеќе од 8.000 вработени, во тек на првата година од пандемијата „порасна“ за 120 милиони евра, за колку се зголеми приходите во 2020 во споредба со 2019 година.
Бранко Роглиќ, сопственик на „Орбико“, изјави дека „ова е рекордно остварување кое истовремено ги следи интегративните процеси со кои оваа година е опфатен целиот систем“. Во сите 20 земји каде „Орбико“ работи е спроведена интеграција на подружните на групацијата, така што работењето води преку 20 компании по принцип на една компанија во секоја држава, наместо 47 колку претходно работеле во „Орбико“.
Во тек на минатите 5 - 6 години „Орбико“ практично ги удвои приходите, па сега е втора по големина хрватска компанија (после „Фортенова“), а по вкупните приходи во 2020 за 4 милијарди куни ја надминаа и „Ина“.
Најмногу растеме на пазарот во Романија каде приходот изнесува околу 750 милиони евра. Следуваат Полска, Унгарија, Бугарија и Хрватска, изјави Роглиќ.
Плановите за натамошно ширење на нови пазари го вклучуваат Азербејџан. Исто така, во план е преземање силна европска дигитална платформа за е - трговија, однодно купување голема дистрибутерска компанија која има силни активности на онлајн платформите. Аквизицијата е во план во 2022 година, со што уделот на онлајн прометот на „Орбико“ би надминал 20 отсто.
За следната недела е најавено отворање на нов логистички центар покрај Софија, во кој е нагласен процесот на автоматизација и роботизација на логистички услуги, со фокус на козметика. Во Полска оваа година, пак, веќе беше отворен логистички центар од 23.000 квадратни метри, што исто така е автоматизиран и роботизиран. Во Загреб во тек е подготовка на изградба на логистички центар кој ќе ги покрива Хрватска и Словенија. Ова ќе биде петти логистички центар вреден 20 милиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.