На пазарите и на другите јавни површини, како и во угостителските објекти во Црна Гора ќе биде забрането да се продаваат алкохолни пијалаци рефус, во големи пакувања. Тоа стои во нацрт - законот за алкохолни пијалаци што го објави Владата.
Според новиот Закон, производителите ќе мораат да продаваат алкохол во оригинално пакување и со географска ознака. Во спротивно, казната е од 500 евра до 20.000 евра. Овластениот инспектор ќе има право дури и да го одземе возилото во кое се превезува и чува алкохол. Целта на законот е да ги ограничи производителите кои досега продаваа ракија во лименки, буриња и разни канистри. Освен тоа, пред да продава, производителот мора да биде запишан во Регистарот на производители на силни алкохолни пијалаци.
Исто така, инспекторите ќе имаат дозвола да забранат производство на силни алкохолни пијалаци ако во производството се употребува шеќер, етил алкохол од несоодветно потекло, како и други средства со кое може да се зголемува количината или да се менуваат пропишаните природни состојки на силните алкохолни пијалаци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.