Почетокот на работата за реконструкција и модернизација на деловната зграда е планиран за 1 октомври годинава, додека завршувањето се очекува на почетокот од јули следната година, проследено со технички преглед, примопредавање и преселување на вработените во реконструираната зграда.
Надзорниот одбор на „Подравка“ ја предаде конечната согласност на Управата за информатичка и енергетска реконструкција за модернизација на деловната зграда во Копривница. Зградата на „Подравка“ е изградена во 1979 година и не е реновирана веќе 42 години.
Како што соопштуваат од компанијата, проектот за реконструкција, кој се планирал повеќе години, со оваа одлука влегува во фаза на имплементација. Проектот вклучува деловна зграда на седум ката, ресторан и паркинг. За најповолен изведувач е избрана фирмата „Радник“ од Кришевци, со цена од 87,8 милиони куни (11,8 милиони евра).
Со реконструкцијата ќе се подобрат енергетската ефикасност, корпоративната и информатичката безбедност на системот, а ќе се обезбедат и соодветни работни услови што целосно ќе ги исполнат пропишаните стандарди, соопштуваат од „Подравка“.
Проектот за реконструкција на зградата бара привремено иселување и преместување на сите вработени, како и обезбедување заменски работни места за секој вработен.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.